Кошаркарскиот клуб Вардар вчера ги „запали моторите“, првиот собир на сениорскиот тим се одржа во нашиот дом, малата сала при Спортскиот центар “Кале“. Тренерот, Дарко Радуловиќ ги започна подготовките за новата, втора по ред прволигашка сезона.
Лани обезбедивме опстанок во елитата, истата цел ја имаме и оваа сезона 2019/2020 во елитната македонска конкуренција. Тимот стандардно е пополнет со македонски млади кошаркари засилени со некое интернационално име во составот.