Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Утре стартува новата сезона за кадетите и младинците на ФК Вардар
Утре стартува новата сезона за кадетите и младинците на ФК Вардар

Утре стартува новата сезона за кадетите и младинците на ФК Вардар

Во сабота старт на новата првенствена сезона ќе означат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои за противник во првото коло ја имаат екипата на Победа од Прилеп. Мечевите ќе се одиграат на теренот на Академијата, со оглед дека теренот во населбата Јане Сандански е зафатен поради турнирот “Гази Баба Куп 2019“.

Со оглед дека имавме забрана за носење на нови играчи и во Академијата на клубот, нема никакви промени, што се однесува до составите. Генерацијата 2002 ќе се обиде оваа сезона да стане Шампион во кадетската лига, додека генерацијата 2001 да го поправи пласманот кој го имаше изминатата сезона. Тренер на двете екипи е Филип Деспотовски, кој успеа минатата сезона со генерацијата 2003 да ја освои двојната круна. Мечевите утре стартуваат во термините од 10 и 12 часот.

Стартот на сезоната е одложен за пионерските екипи, поради репрезентативни настапи.