Вчера, КК Вардар М14 го освоија 2.место на квалификацискиот турнир од Европската младинска лига.
Црвено-црните на дуелот во Будимпешта. беа поразени од Хонвед со 69-81, со што домаќинот ни врати за нашата победа над нив во 1.коло. Ривалите направија двоцифрена разлика уште во почетната фаза од натпреварот, по десет минути игра имаа 23-12 и убедливото и сигурно водство го задржаа до крај.
Кај КК Вардар поени постигнаа само четворица кошаркари. Капитенот Љубен Ефтимовски реализира 32, Жарко Терзиевски 25, Григориј Ѓорѓевиќ 8 и Дамјан Стојановски 4. Со освојувањето на второто место, нашиот тим обезбеди пласман во главната фаза од EYBL и наскоро ќе ги дознае противниците во тој дел од натпреварувањето.