Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Тројца куглари од шампионот Вардар, дел од списокот за СП во Полска
Тројца куглари од шампионот Вардар, дел од списокот за СП  во Полска

Тројца куглари од шампионот Вардар, дел од списокот за СП во Полска

Куларскиот клуб Вардар во сезоната 2020/2021 за прв пат дојде до шампионската титула во Македонија. По долги 19.години, црвено-црните беа први кои го детронизираа најбогатиот македонски кугларски тим, КК Макпетрол. Денес ви носиме уште една убава вест за скопските црвено-црни.

На списокот на македонскит селектор за настап на Светското првенство 2021  се најдоа дури три имиња од вардаровиот табор. Мундијалот е закажан за иднот месец, октомври во Полска. На списокот се најде најдобриот поединец, зимското засилување на Вардар, искусниот куглар кој од Хрватска се врати на домашна сцена, Манев Коста. Играч кој беше една од „ударните игли“ на шампионскот танц.

000a

Потоа, Дарко Димитровски поранешниот младински и сениорски репрезентативец на земјава, куглар кој од секогаш најдобрите свои партии ги имал во црвено-жолтиот национален дрес. Тука е и претседателот на КК Вардар 2014, човекот кој е еден од топ-3 македонските куглари и кој настапува по силните европски лиги, Димитар Димитровски.