Кошаркарската надеж на црвено-црните, Жарко Терзиевски се најде во најдобрата постава на квалификацискиот турнир за пласман во Европската младинска лига (EYBL) што се одржа во унгарскиот главен град.
Играчот на Вардар (М14) и мак.репрезентативец впиша 78 поени на турнирот, о во просек по 19,5 на четирите натпревари во Будимпешта. Со тоа беше и еден од најзаслужните за успехот, односно пласман во главната фаза од европското натпреварување.