На финалето од 10-та сезона во СЕХА лигата на кое за жал, РК Вардар 1961 иако пласиран на завршницата со една некорекна одлука на раководството на регионалната лига за прв пат не учестуваше, до пехарот дојде унгарски Веспрем.
Со победа на пенали над хрватскиот шампион ППД Загреб од 31-29 (27-27), ракометарите на Веспрем ја освоија четвртата титула во СЕХА лигата и дојдоа на една помалку од македонскиот првак Вардар 1961. Нашиот црвено-црн тим со пет трофеи останува најуспешна екипа во историјата на ова регионалното натпреварување.
Од оваа есен започнува 11.сезона во регионалното натпреварување и нова шанса за избраниците на Вујовиќ за пехар.