Македонија У19 одигра со нерешен резултат (1:1) на вториот контролен натпревар против репрезентацијата на Саудиска Арабија, на меѓународниот младински турнир во Словенија.
Избраниците на Дашмир Беари први успеаа да го отворат резултатот, додека противникот со удар од белата точка го израмни резултатот. Повторно во стартниот состав се најдоа вардаровите играчи, Гоце Јовчев и Грегори Давков, кои го одиграа целиот натпревар.
На 7.септември силите ќе ги одмериме со репрезентацијата на Словачка.