Една од најдобрите вардарови кошаркарки, постојаната македонска репрезентативка, Јована Петрушевска ја очекува сериозен испит во кариерата. Таа прави интернационален трансфер во соседна Грција. По четири години во вардаровиот состав каде што се закити со шампионска титула и Куп пехари дојде време за нов предизвик.
Заминува во главниот град на нашиот јужен сосед, ќе биде дел од тимот на „Dafni Athens“ од Атина. Нејзиниот квалитет сега ќе може да биде надграден во една лига која е на повисоко рамниште од нашата.
Редакцијата на Вардар фанс и посакува успех во новата средина.