Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Втора победа на Вардар М14 во Европската младинска кошаркарска лига
Втора победа на Вардар М14 во Европската младинска кошаркарска лига

Втора победа на Вардар М14 во Европската младинска кошаркарска лига

Вчера, помладите кадети на Вардар триумфираа и во вториот натпревар од квалификацискиот турнир од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) што се одржува во Будимпешта.

По победата против Хонвед,  нашите момци  го победија и вториот домашен тим МАФЦ. Овој триумф беше убедлив  со 107-48. Сите кошаркари на Вардар се запишаа во листата на стрелците, но повторно најефикасни беа Љубен Ефтимовски (25п) и Жарко Терзиевски (20п), а  двоцифрени на  беа и  уште Стојановски, Пјевац и Ѓорѓевиќ.