Последната млада екипа на кошаркарскиот клуб Вардар го одигра воведното коло во новата 2020 година. Младиот тим на Вардар(2) селекцијата до 14 години, вчера ја пречека екипата од скопски Аеродром. Тимот на црвено-црните во меч во кој доминираше целосно со повеќе од двојна предност ги совлада врсниците од МЗТ Скопје. Ние дојдовме до победа со резултат 89-42.
Истите момци ги очекува нов дуел во нивната лига. Тие во СРЦ Кале се домаќини на тимот на Јуниор Баскет.