Кошаркарите на Вардар ја продолжија серијата на победи и успешно го бранат првото место на табелата во второлигашката конкуренција.Во 14 коло „црвено-црните“ беа убедливо на свој терен во дуелот со ГКК Охрид (99:71), и ја оддржаа предноста од две победи во однос на второ пласираниот состав на Соколи 1933.
Штипјани имаа нималку лесно гостување во Куманово, но на крајот успеаја во намерата да ги освојат двата бода. Победија со (73:69), и останаа на делба на второто место на кое е и екипата на Работнички 2018.Младиот тим од „Градски парк“ извојува тешка победа на гостувањето во Македонска Каменица, беа за неколку поени подобри од Баскет Кам (83:79), па со 24 бода остануваат во трката за што повисок пласман кој носи и полесен противник во четвртфиналниот бараж за пополнување на Првата лига.
Блиску до нив е и екипата на Ангели која во вој круг од натпреварите ја прекина серијата на неуспеси, и тоа со победа над велешки Борец Баскет (91:65).
Во останатите натпревари, Шкупи беше подобар од МЗТ Скопје Уни Банка (88:74), а Водно Санс со повеќе од убедливи (104:48) го победи последнопласираниот Црн Дрим.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
Шкупи – МЗТ Скопје Уни Банка 88:74
Водно Санс – Црн Дрим 104:48
Вардар – ГКК Охрид 99:71
Баскет Кам – Работнички 2018 79:83
МКК Куманово – Соколи 1933 69:73
Ангели – Борец Баскет 91:65
ТАБЕЛА: Вардар 26, Соколи 1933 24, Работнички 24, Ангели 23, ГКК Охрид 22, Водно Санс 21, МКК Куманово 21, МЗТ Скопје Уни Банка 20, Шкупи 20, Борец Баскет 20, Баскет Кам 17, Црн Дрим 14;
ИДНО КОЛО (17.02)
Борец Баскет – ГКК Охрид
МКК Куманово – Вардар
Црн Дрим – Ангели
Соколи 1933 – Шкупи
Работнички 2018 – Водно Санс
МЗТ Скопје Уни Банка – Баскет Кам