Вардар ги награди борачите кои направија успех на Државното првенство за млади сениори У-23 во Радовиш.
Да потсетиме, златни медали освоија Аид Салихаси (57 кг), Адам Модосјан (86 кг) и Бојана Лазаревска (-72 кг), сребрен медал Марко Поповиќ (79 кг), а со бронза се закитија Марко Андонов (70 кг) и Љупче Митев (79 кг).
Салихаси и Модосјан се наградени со по 200 евра, Лазаревска со 100, Поповиќ 100, Андонов, Љ.Митев и Стефан Митев со 50.
Во екипна конкуренција Вардар го освои одличното 3.место зад тимовите на Лирија и Бучим. Во женска конкуренција вардарки се трети, каде што првопласирана е екипата на 7 Мај Златна рака, а втора е Вардар 1961.