КК Вардар, вчера оствари убедлива победа на гостувањето во Бугарија, кај екипата на КК Локомотив од Пловдив.
Избраниците на Јованчев Александаер победија со 79-45 во пријателски натпревар во кој доминираа во текот на сите 40 минути. Локомотив беше блиску само во првите 15-тина минута, додека Вардар водеше со 24-22. Се понатаму мина во знакот на македонскиот тим кој во следните десет минути ефективна игра направи 27-7 и на средина од третата четвртина веќе водеше со 51-31. Се до крајот остана само рутина за црвено-црните.
Кога сме кај личните постигнувања, Петар Коцев со 17 поени беше најефикасен во екипата на Вардар, а Миновски и Бајрам остварија дабл-дабл, првиот со 14 поени и 10 скока, а вториот со 10 поени и 10 асистенции.