Се комплетираше 5.коло во ВМФЛ, во кое Вардар стигна до четвртата победа сезонава. Црвено-црните славеа со резултатски пресврт (1:2) на гостувањето кај екипата на Караорман. Иако домашниот тим на полувреме имаше водство од 1:0, Вардар со головите на Десниќ и Жоглев во вториот дел успеа да ги освои трите бода. Во ова коло до победа стигна и екипата на Пелистер, која во финишот го скрши отпорот на Охрид, додека во дербито на колото, екипите на Гостивар и Воска Спорт ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат.
Комплетни резултати од одиграното 5.коло
Охрид – Пелистер 0:1
Детонит – Аресими 3:1
Борец – Кожуф 0:2
Караорман - Вардар 1:2
Пехчево – Тетекс 0:0
Каменица Саса – Беласица 1:1
Беса – Слога Виница 3:2
Гостивар – Воска Спорт 2:2
На врвот, Вардар и Воска Спорт се израмнија по бројот на освоени бодови, двете екипи имаат по 13 бодови, додека на третата позиција се наоѓа Гостивар со 10 бодови.
Во следното 6.коло, Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Пехчево.