Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар гостува кај Шкупи
КК Вардар гостува кај Шкупи

КК Вардар гостува кај Шкупи

На програмата во втората по квалитет машка сениорска кошаркарска лига престојниот викенд е 19.коло. Во оваа рунда момците на Александар Јованчев ќе бидат гости.

КК Вардар во недела (27.март,2022 година) гостува во скопската населба Чаир кај кошаркарскиот тим „Шкупи“.  Натпреварот во салата „Шабан Трстена” во  Скопје  е закажан со почеток во 14-00 часот. За кошаркарската правда задолжени се следните три судии на оваа скопска пресметка: А.Павлов,  Ј.Червенка и Ф.Филиповски.