Вчера во салата “Градски Парк“ во Скопје во лигата за кошаркари до 15 годишна возраст се сретнаа домаќинот КК Работнички и нашиот Вардар М15. Во оваа средба на гостински терен црвено-црните дојдоа до победа.
Победата на вардарци во средбата со црвено-црните ни донесе пласман на завршниот фајнал-фор турнир во оваа конкуренција за кошаркари родени 2004година и помали. Триумфот дојде со пет поени разлика во еден цврст дуел со резултат 77-82. Честитки за успехот на вардаровата екипа.