Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во периодот од 19-23. мај ќе учествува на меѓународен пријателски турнир „Миљан Миљаниќ“ во Стара Пазова-Србија.
По тој повод, селекторот на оваа репрезентација, Горан Станковски повика тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Филип Ѓорѓоски, Абдула Хасани и Георг Стојановски.
Повикот е закажан за во недела, во 9:30 часот пред фудбалската федерација на Македонија.