Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Претпоследно коло во младинските фудбалски лиги, Академија Пандев е противник за вардаровите екипи
Претпоследно коло во младинските фудбалски лиги, Академија Пандев е противник за вардаровите екипи

Претпоследно коло во младинските фудбалски лиги, Академија Пандев е противник за вардаровите екипи

Во сабота своето претпоследно коло ќе го одиграат младинските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Академија Пандев. Пионерските екипи гостуваат во Струмица, додека кадетите и младинците на теренот на Академијата се домаќини на А.Пандев. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Последните две кола ќе бидат само формалност за помладите пионери, кои во претходното коло со триумфот против Шкупи го потврдија освојувањето на Шампионската титула. Вардар има дури 20 бодови повеќе од екипата на Академија Пандев, која ја совладавме во есенскиот дел на теренот во Струмица и тоа убедливо со резултат 0:3, додека на Академијата одигравме без голови. Секако дека после обезбедување на трофејот во лигата, црвено-црните се насочени кон освојување на двојната круна, со оглед дека ќе играат и во големото финале од националниот куп, а противник ќе им биде токму екипата на А.Пандев.

Дербито дефинитивно ќе биде одиграно во пионерската Супер лига, во кое ќе се сретнат првите две пласирани екипи на табелата. Вардар на овој меч влегува како лидер на табелата, но само со еден бод повеќе од А.Пандев, чија предност на утрешниот меч ќе биде домашниот терен. Вардар има позитивен биланс оваа сезона во дуелите со струмичани, во есенскиот дел на истиот терен останавме непоразени, играјќи со нерешен резултат 1:1, додека во Скопје славевме минимално со 1:0. Влогот е голем за двете екипи, кој ќе излезе како победник ќе биде многу блиску до освојување на првото место на крајот од сезоната, додека за Вардар е доволен и бод од ова тешко гостување.

Кадетите и младинците на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на А.Пандев, на натпревари кои немаат резултатско значење. Во кадетската лига останува отворено прашањето за тоа која екипа ќе биде шампион, Македонија Ѓ.П и Шкендија во меѓусебен дуел во ова ова коло ќе одлучат за новиот шампион, додека во младинската лига, екипата од Тетово е старо-нов освојувач, додека Вардар ќе заврши на втората позиција.