КК Вардар е огранизатор на завршниот Ф-4 турнир за млади кошаркари до 13.години. Овој завршен турнир се играше вчера, а продолжува и денес, понеделник (10/06/2019) во СЦ “Кале„. Ние имаме две екипи на оваа завршница, тимовите на Вардар-1 и Вардар-2.
Во големото финале КК Вардар-2 ќе игра со тимот на ФМП, вардарци обезбедија дуел за злато откако беа поуспешни од скопскиот ривал, екипата на КК МЗТ Скопје М13 во полуфиналната средба. Другиот тим на КК Вардар-1 ќе ја напаѓа бронзата. За ривал ќе го има токму МЗТ Скопје, екипа која ќе игра во малото финале откако „братскиот“ црвено-црн тим ја совлада претходно.
Натпреварот за третто место се игра во 17-00 часот, големото финале е закажано два часа покасно односно во 19-00 часот. По крајот на истото ќе се доелат медали и признанија за најуспешните.