Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Неуспешна сезона за кадетите на ФК Вардар кои завршија на шесттото место
Неуспешна сезона за кадетите на ФК Вардар кои завршија на шесттото место

Неуспешна сезона за кадетите на ФК Вардар кои завршија на шесттото место

Кадетите на ФК Вардар ја финишираа сезоната на 6.место во кадетската-супер лига, што беше најлош пласман за вардаровите екипи оваа сезона. Златко Таневски започна, додека Горан Петрески заврши со оваа генерација на играчи родени 2001 година. На 27 одиграни натпревари имавме само 8 победи, 5 нерешени и 14 порази. Имавме и негативна гол разлика од 35 постигнати и 42 голови во својата мрежа.

Ова се сите постигнати резултати за вардаровите кадети во натпреварувачката сезона 2018/19:

1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 3:1

2 коло: Шкендија – Вардар 2:0

3 коло: Вардар – Ренова 2:1

4 коло: Вардар – Работнички 0:2

5 коло: Акад. Пандев – Вардар 2:0

6 коло: Вардар – Шкупи 0:1

7 коло: Брегалница – Вардар 0:4

8 коло: Вардар – Победа 2:3

9 коло: Њу Старс – Вардар 2:0

10 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 2:1

11 коло: Вардар – Шкендија 2:1

12 коло: Ренова – Вардар 1:1

13 коло: Работнички – Вардар 2:0

14 коло: Вардар – Акад. Пандев 1:1

15 коло: Шкупи – Вардар 0:2

16 коло: Вардар – Брегалница  1:0

17 коло: Победа – Вардар  2:2

18 коло: Вардар – Њу Старс  0:1

19 коло: Вардар – Њу Старс  2:2

20 коло: Брегалница - Вардар  2:0

21 коло: Вардар – Победа  2:0

22 коло: Ренова – Вардар  2:1

23 коло: Вардар – Работнички  2:3

24 коло: Шкупи – Вардар  1:3

25 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  0:2

26 коло: Вардар – Акад.Пандев  2:2

27 коло: Шкендија – Вардар 4:2

137

Во купот бевме елиминирани во 1/4 финалето од екипата на Работнички. Успешно ја поминавме осминафиналната пречка, кога цо еден меч со убедлив триумф ја елиминиравме екипата на Струга Трим Лум со резултат 13:1. Споредба со бројот на постигнати голови на овој меч со целокупниот број на погодоци во лигата, каде имавме вкупно 16. Во 1/4 финалето се сретнавме со екипата на Работнички, која се покажа како силен противник, иако постоеа шанси за елиминација на градскиот ривал. Откако на првиот меч одигран на теренот на Алумина бевме поразени со 2:0 на возвратниот дуел прикажавме добра игра, бевме далеку подобри на теренот, издвојувавме “пирова„ победа од 2:1, која не беше доволна за пласман во полуфиналето од националниот куп.

Мартин Спировски е играчот кој постигна најмногу голови за кадетскиот тим, вкупно 10 за овој играч. Ова се сите играчи кои успеаа да се запишат во листата на стрелци, во лигата и купот. 

95

1. Мартин Спировски  10

2. Леонид Игнатов и Малик Хасановиќ по 8

3. Давид Ристовски  5

4. Филип Манасиевски 4

5. Александар Ѓурковски, Божидар Митревски по 2

6. Енсер Османи, Димитар Попоски, Дамјан Бојковски, Берат Зендели, Атом Фазлиу, Апостол Ангеловски, Муас Демири, Матеј Николов, Дамјан Трајановски, Иван Мицевски по 1 гол.