Со генерацијата до 13 години, КК Вардар е единствениот клуб од Македонија кој ќе настапи на “Европската младинска кошаркарска лига“ во Словачка. Во периодот од 13-16 септември нашите талентирани играчи ќе си ги одмерат силите на меѓународен план со екипи како:
- Баерн Минхен (Германија),
- Беко (Србија),
- Клуж Напока (Романија),
- Прага (Чешка).
Ова е огромно искуство за нашите момци, посебно на интернационално ниво каде што секој натпревар е само плус за секој индивидуален играч и секако за тимскиот дух. Првиот натпревар го играме денес против екипата од Романија.