Во недела второто коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2004„ и “2005„ година. Противник ќе ни биде екипата на Работнички, мечеви кои ќе се одиграат на помошното игралиште на ФК Работнички во градски парк.
Одлично започна новата сезона за двете вардарови генерации. Повозрасните родени “2004„ година на домашен терен го добија дербито против екипата на Шкендија (3:1), додека поубедлива победа забележа генерацијата “2005„ на Вардар која ги совлада врсниците од Шкендија со резултат 5:0. Во средата службено ги добивме натпреварите од осминафиналето на купот на Македонија, против екипата на Македонија Ѓ.П, така што имавме време за одмор, во пресрет на дерби мечевите од 2. коло во ова натпреварување.
Натпреварите во недела ќе се одиграат во термините од 09 и 11 часот.