Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > “Кралицата“ на кошарката со нова МВП награда, Наков “крунисана“ по Купот и во лигата
“Кралицата“ на кошарката со нова МВП награда, Наков “крунисана“ по Купот и во лигата

“Кралицата“ на кошарката со нова МВП награда, Наков “крунисана“ по Купот и во лигата

Дојде и тој ден во женската кошарка по пола деценија владение, Бадел е тргнат од престолот. ЖКК Вардар успеа покрај тоа што три години во Купот го фрлаше во очај ривалот и во првенството да му ја одземе титулата. Сега девојките на Жаклина Стојановска се апсолутни владетели со освојување на “двојната круна“. Вардар има одличен тим, кој го краси тимска хемја, но ја има и неа КРАЛИЦАТА НА ЖЕНСКАТА КОШАРКА- популарната ЦАЦИ.

ca2

Славица Наков, најдобрата поединка во нашата  кошарка изминативе неколку години и голем професионалец веќе две децении. Највозрасна, но со многу енергија, со вештините  кои одамна  се познати таа го водеше овој тим до врвот.  Таа е неприкосновен владетел на паркетот, девојка од која треба сите генерации кошаркарки во земјава кои се активни да учат како се игра со “портокаловата топка“. Личните признанија се секојдневие во мак.баскетот за неа.  Во изјава за “http://basketball.mk/“ по вчерашната победа во Кале таа вели:

-МВП наградата е круна на мојата 20 годишна кариера. Пресреќни сме што ја постигнавме зацртаната цел оваа сезона. Тимската игра пред се е главната причина за овој успех. Дадовме се од себе, игравме борбено и ја посакувавме титулата. Благодарност до сите девојки и стручниот штаб за придонесот и поддршката.

ca

Како и во Купот така и во лигата Наков го доби ЗАСЛУЖЕНО признанието за најкорисен играч. Таа ги обедини двете МВП-признанија. Кралицата повторно и вчера беше крунисана, овој пат во нашиот кошаркарски дом  “Кале“.  Заслужената награда на оваа блескава кошаркарка и ја предаде првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ.

Честитки од Вардар фанс за оваа кошаркарска легенда и голема вардарка.