Левиот бек на Барселона, Ласе Андерсон вели дека неговиот тим е подготвен за дуелот со тимот на Вардар и дека неговиот состав не треба да ги повтори грешките од дуелот во 2017 година, кога Вардар исто така ги порази во полуфиналето во Келн. Данецот потенцираше дека Вардар има многу цврсти и високи ракометари кои во ниту еден момент не треба да бидат оставени сами на шут.
„Вардар има високи и цврсти ракометари кои не смееме да ги оставиме сами. Од нас ќе треба да го дадеме максимумот за да оствариме пласман во финалето. Тие се добри на секоја позиција. Ние сме мотивирани да не му дозволиме на Вардар да ја повтори 2017 година. Не посакуваме реванш, туку само победа и можност да играме за европската титула. Се надеваме дека на крај на победата ќе се израдуваме сепак ние“ , вели Андерсон.
Полуфиналето е закажано за утре од 18:00 часот.