Црвено-црниот кугларски колектив ја заврши регуларната сезона во МКЛ- Македонската кугларска лига како вице-првак со што ја оствари целта. Следна цел е финале во Купот на Република Македонија, прва етапа во реализирање на оваа задача е квалификациониот турнир.
Квалификациите се играат утре, 6-ти мај во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје. Првата серија почнува во 10-00 часот, а последната во 14-00 часот. Вардарци ќе атакуваат да бидат една од четирите најдобри екипи со што ќе си обезбедат полуфинален двомеч. Побединците од полуфиналните двомечи (дома-гости) ќе играат во големото финале кое ќе го даде освојувачот на Купот оваа сезона. Вардарци лани беа “сребрени“ во ова натпреварување, а сезоната претходно го освоиа големиот пехар. Во продолжение распоредот за настапи на Куп квалификациите утре.