Оваа сезона XX.издание на НБЦ Куп се одржува во Клуж, Напока, Романија, од 3-ти до 8-ми Октомври. На истиот КК Вардар ќе ја преставува Република Македонија, вчера тројца момци веќе излегоа на патеките.
Најдобар резултат имаше Димитровски Димитар, нашиот претседател беше одличен и собори 644 „дрва“, новото засилување на црвено-црните, Пеце Димовски беше близу 600, односно имаше 595, вчера настапи и Коста Ристовски кој дојде до бројката 553.