Денес во рамките на 1/8 финалето во фудбалскиот Куп на Македонија, ФК Вардар беше домаќин на екипата на Фортуна. Избраниците на Грнчаров обезбедија пласман во следната елиминациска рунда, тие го добија натпреварот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ со резултат (3-0).
Започнавме офанзивно на почетокот, отворивме рано со погодок, веќе во 11.минута по асистенција на капитенот Поп Златанов, реализираше Жоглев. Тргнавме на удвојување на предноста и рано решавање победникот и патникот во следната, 1/4-финална фаза од Купот. Во 20.минута повторно за Фортуна таличен беше Жоглев, кој со глава стрелаше за предност од 2-0. Вардар доминираше во поле, Христов постигна погодок од 15-сетина метра, упати силен удар и погоди атрактивно за високи 3-0 во 37.минута. Со предност од три гола црвено-црните заминаа на одмор.
Во вториот дел започнавме офанзивно, создадовме голем број на прилики кои не ги претворивме во погодоци. Грнчаров од клупата почна да уфрла дел од младите момци кои ги имаше на располагање за овој дуел од најмасовното фудбалско натпреварање. Нововлезениот, младиот фудбалер Горјан Цветков во 82.минута погоди за конечните 4-0 на овој натпревар.
Вардар со оваа победа се пласираше во следната фаза и единствен второлигаш кој мина во 1/4-финалето.