Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар со пораз ја затвори 2015
КОШАРКА! Вардар со пораз ја затвори 2015

КОШАРКА! Вардар со пораз ја затвори 2015

Црвено-црните кошаркари го одиграа последното коло во есенската етапа на домашен терен со тимот на Кк Водњански лисици. Нашите момци во ова 9.коло за жал го забележаа третиот пораз во оваа сезона, домаќините на дуелот кој  одигра во малата сала на Срц Кале беа поразени со резултат 63-70.

Во овој дуел водевме скоро цело полувреме, па на паузата се замина со 34-29. Кај вардарци најефикасен беше Радуловиќ кој постигна 18 коша на дуелот од кој првите 14 по само 10 минуту игра.  Во последната четвртина од вториот дел влеговме со солидна предност од 61-51, но гостите ни прават екстра серија 1-19 и го добиваат мечот со црвено-црните.  Вардар следното коло ќе го игра дури во фебруари на 6-ти со тимот на КК Тетекс во Кале. По ова последно коло 9-то по ред Вардар ќе презими на делбата на позицијата од 2 до  5 позиција . каде покрај нас се наоѓаар КК пелистер, КК Гостивар и тимот на Водњански лисици. Сите четири тимаа имаат по досега освоено 15 бода. Лидер на табелата е КК Охрид АВ, Табелата по последното коло за годинава изгледа вака :

1 АВ Охрид 9 9 0 828 658 170 18
2 Гостивар 2015 9 6 3 686 589 97 15
3 Вардар 9 6 3 716 620 96 15
4 Водњански Л. 9 6 3 637 576 61 15
5 Пелистер 9 6 3 658 668 -10 15
6 Шкупи 9 3 6 721 773 -52 12
7 Тетекс ТТК 9 3 6 634 702 -68 12
8 Ангели 9 3 6 616 715 -99 12
9 Академија ФМП 9 2 7 618 696 -78 11
10 Радовиш 9 1 8 640 757 -117 10