Овој викенд на 25 и на 27 декември во организација на општина Гази Баба ќе се одигра новогодишен турнир . Истиот ќе се игра во салата при училиштето Наум Наумовски – Борче во населба Маџари.
На овој турнир ќе учествуваат две црвено-црни млади генерации и тоа : генерацијата 2005 година чии тренерот е Зоран Петковски и генерацијата 2006 година предводена на клупата од Игор Кралевски. Вистински предизвик на овој турнир ќе ги пречекаа децата од генерацијата 2006 година, тие ќе се обидат да го освојат петтиот последователен турнир на кој настапуваат и да ја продолжат својата доминација. Младите надежи, избраници на Игор Кралевски триумфираа досега на : Кул Куп 2015“, турнирот по повод 13-ти Ноември, турнирот во Охрид и последен беше оној во салата Јане Сандански, организиран од страна на Спортско радио 90,3.