Кошаркарскиот клуб Вардар ќе биде домаќин воедно и учесник на завршниот фајнал-фор турнир за кошаркари до 16 години кој ќе се одигра на 9-ти и на 10-ти јуни. Истиот ќе се одигра во спортската сала на Вардар, односно малата сала во склопот на Спортско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје.
Во овие два дена ќе има можност да се ужива во дури четири натпревари во категоријата М-16. Денес, 9-ти јуни во првиот полуфинален натпревар со почеток во 17:30 часот ќе се сретнат екипите на Феникс 2010 и Партизан Водно Санс 1. После нив во второто полуфинално соочување од 20:00 часот КК Вардар ќе си ги одмери силите против Партизан Водно Санс 2. Ден подоцна, односно утре во 17:30 часот ќе се одлучува за третопласираниот во првенството. Финалето е закажано за во 20:00 часот. Се надеваме дека црвено-црниот состав ќе биде дел од финалната битка за шампионската титула во оваа возрасна категорија.