Вардаровиот успех во Лигата на Шампионите носи нови убави моменти за мак.ракометот па така за првпат во историјата, Македонија се најде пред велесилите Германија и Франција на најновото рангирање на ЕХФ за Лигата на шампионите.
За овој напредок, историскиот успех на Вардар на Ф-4 во Келн го имаше најголемо влијание, ние напреднавме од шесттото места на оваа ранг листа. Вардар ја однесе Македонија на 4-то место на најновото рангирање на Лигата на шампионите. Пред нас се само три земји и тоа: Унгарија, Шпанија и Полска, зад нас е Франција, а во топ-10 се уште и Германија, Хрватска, Данска, Белорусија и Украина. За ова рангирање бодовите ЕХФ ги пресметува според резултатите на клубовите во последните две сезони 2014/2015, 2015/2016 и оваа штотуку завршена сезона 2016/2017. Од овие бодови зависи рангот на тимовите за наредната сезона.