Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар Апаве со 4 младински категории гостува кај Кк Будуќност
КОШАРКА! Вардар Апаве со 4 младински категории гостува кај Кк Будуќност

КОШАРКА! Вардар Апаве со 4 младински категории гостува кај Кк Будуќност

Екипата на кошарскиот клуб Вардар Апаве ќе гостува со четири младински категории кај кошаркарската екипа Будуќност. Екипата на Будуќност е формирана 2006 година и фунционира во Бјелина – Босна и Херцеговина.

Оваа екипа е претежно концетрирана како и Вардар на работа со млади категории и создавање млади кошаркари. Поводот за гостувањето кај Будуќност на вардарци е 10 годишнината од фунционирањето на оваа екипа од Бјелина. Вардар ќе гостува со следните четири свои старосни категории, тоа се генерациите родени 2000, 2001, 2002 и 2003 година. Оваа посета на македонските кошаркарски надежи  е предвидена за половината на следниот месец, март.  На истата ќе се одиграат натпревари помемеѓу врсниците од скопските црвено-црни и домашниот тим.