Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски стартува на Државното Првенство во крос кантри
АТЛЕТИКА! Завировски стартува на Државното Првенство во крос кантри

АТЛЕТИКА! Завировски стартува на Државното Првенство во крос кантри

Крајот на зимската пауза во атлетиката полека се назира. Најдобриот атлетичар на долги патеки кој воопшто некогаш го имала Македонија, легендата на долги патеки Трпе Мартиновски зимово работи напорно со вардарецот  Петре Завировски кој тренира сам со својот тренер поради отсуството на својот тренинг партнер Марко Ивановски кој долг период се мачи со повреда.

 На 28 февруари атлетичарот на Вардар за прв пат ќе се појави на трка. Во меѓувреме ја продолжи регистрација во АФМ со што и наредната сезона ќе настапува во црвено-црниот дрес, а како што вели тој до крајот на кариерата ќе биде во Вардар. Има најава од АФМ дека државното првенство во крос кантри ќе се одржи во Битола, но сеуште тоа не е сигурно. Младиот Вардарец е презадоволен од својата форма која постојано оди во нагорна линија. Радува фактот што Завировски сега на контролните тренинзи е побрз отколку на трките во изминатите сезони. Тоа се должи на огромната посветеност со кој работат тренерот Мартиновски и неговиот ученик.

Се надеваме  дека Вардар ќе се закити со нов медал на 28 февруари во Битола!