Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Преодниот рок се затвора на 11 февруари, Нимани и Денковски очекуваат договор, можно е и ново име
Преодниот рок се затвора на 11 февруари, Нимани и Денковски очекуваат договор, можно е и ново име

Преодниот рок се затвора на 11 февруари, Нимани и Денковски очекуваат договор, можно е и ново име

Преодниот рок во првата македонска фудбалска лига ќе трае уште една недела, се до 11-ти месецов кога е последен рок за пријавување на  нови имиња. Вардар зимово од обврски ослободи дури осум имиња, а нови играчи досега пристигнаа двајца, Којашевиќ и Ќеран.

Црвено-црниот фудбалски колектив досега во  Анталија одигра два меча за три дена на подготовките во турскиот спортски центар за зимски подготовки. На тие мечеви Седлоски ги тестираше  Денковски и Нимани кои се борат да добијат договор. Се очекува и двајцата да бидат ангажирани бидејќи покажаа задоволителни партии за време на добиената шанса на првите тест-дуели. Очекуваме во наредната седмица Вардар да го дефинира нивниот статус, а се разбира во тој временски период може да очекуваме доколку сметаат дека е потребно и има можност да се придружи уште некое име. Во Анталија следниот дуел за ФК Вардар е закажан за во петок 5-ти февруари со чешкиот тим Слован Либерец, истиот е закажан со почеток во 14-00 часот по македонско време. Од овој дуел како од двата претходно ќе има директен пренос на видео стрим. Според планот по овој дуел докрај остануваат два дуела и тоа на 8 февруари со Металист Харкив и на 12 февруари со Черноморец Одеса , и двата противника доаѓаат од Украина. Вардарци одбраната на титулата ќе ја започнат на домашен терен против секогаш незгодниот тим на Ренова од Тетово, дуелот со кој ќе стартува пролетниот дел во ПМФЛ е закажан за 22/01/2016 во 14-00  часот.