Избранците на Раул Гонзалес одбраната на титулата ќе ја започнат на 20 или 21 април кога ќе биде на програмата првото коло од плејоф-фазата. На првиот тим и ако со мали шанси можно е да му се приклучи и тимот на помладите вардарци Вардар јуниор. Младите вардарци по одиграни 14 кола собраа 18 бода остварија само 6 победи, а беа поразени дури 8 пати.
Сепак за избраниците на Пепи Манасков престои речиси “невозможна мисија“ особено ситуацијата се усложни со неочекуваниот пораз дома од Грк Борец и во гости кај РК Прилеп 2010. Според распоредот до крајот на првата фаза од Супер лигата преостануваат да се доиграат уште четири кола во регуларниот дел од сезоната. Докрај во игра се 12 бода за младите црвено-црни момци, предноста на Работнички кој е на четвртото место кое води во плеј-офот изнесува 9 бода, а Прилеп и Охрид се на плус 12 од нас. Исто така Јуниор се засили зимови, во преодниот рок кадетскиот репрезентативен голман на Црна Гора Јагош Брауновиќ ја засили екипата. Во продолжение за тимот на Јуниор преостануваат следните четири меча :
- 15. коло (12/13 март):
Вардар јуниор – Пролет 62
- 16. коло (19/20 март):
Металург 2 – Вардар јуниор
- 17. коло (26/27 март):
Работнички – Вардар јуниор
- 18. коло (2/3 април):
Вардар јуниор – Охрид 2013