Викендов започнуваат натпреварите во Плејаут лигата. Тимот на КК Вардар во сабота натпреварите во Плејаут лигата ќе ги започне против тимот на КК Струмица на гостински терен. Нашите играчи на табелата сеуште немаат ниту една победа досега.
Доколку вардарци сакаат да останат во лигата и следната сезона, тогаш мораат да започнат да победуваат натпревари. Се надеваме на подобра и поквалитетна игра на нашите млади кошаркари на гостувањето во Струмица овој викенд.
Инаку во Плејаут лигата, покрај овие два тима ќе настапат и екипите на Пелистер и Охрид.