Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Дефинирани деталите за Купот во кој Вардар ќе атакува на финале

Куглање! Дефинирани деталите за Купот во кој Вардар ќе атакува на финале

Кугларската федерација на Македонија го дефинираше текот, форматот и датумите за Купот на Македонија за сезоната 2016/2017 година. Купот ќе се игра по истиот формат како и лани односно ќе има квалификациски ден на кој ќе настапат сите тимови, а потоа најдобрите четири одат понатака.

Според востановените правила најдобро рангираните четири тима ќе играат меѓусебни полуфинални дуели, односно по еден меч дома и нагости. Победниците од истите ќе играт во големото финале за Пехарот во ова натпреварување. Вардар полани се закити со “злато“ во Купот, а лани одигра одлично, ги мина сите фази до финалето каде беше поразен од КК Макпетрол со што станавме “сребрени“ како и во Македонската кугларска лига. Првиот квалификациски ден во кој ќе атакуваме на обезбедување пласман во полуфиналето е закажан за на 29-ти Април, додатно ќе се одреди местото на настанот каде ќе се играат квалификациите. Во лигата моментално е пауза по крајот на вториот круг, сепак идната недела треба да одиграме еден заостанат дуел од истиот. Домаќини ќе бидеме на екипата на КК Хераклеа од Битола која поради административни причини има помалку мечеви и истите треба да ги одигра пред формирањето на распоредот за третиот круг кој воедно и последен. Распоредот за третиот круг ќе се формира врз основа на пласманот на екипите по комплетирањето на сите мечеви по двата круга во МКЛ.

Вардарци се подготвуаат за идините предизвици, тие вредно работат под будното око на тренерот на црвено-црните најдобриот кугларски педагог во земјава, Драги Димитровски кој се обидува да го врати тимот во кондиција и во препознатливата натпреварувачка форма од есенскиот дел на шампионатот. Како што тој претходно ни изјавуваше за нашиот сајт во Купот на Р.М во куглање целта е тимот да го внесе во финалниот меч.