Денес неколку вардаровите првотимци денеска беа во посета на Основното училиште Рајко Жинзифов во скопската населба Драчево. Таму момците беа пречекани на прекрасен начин од нивните мали домаќини, кои им одпеа на нивно изненадување неколку навивачки песни и топло ги поздравија нашите момци.
Играчите со ова посета ја продолжија кампањата „Црвено-црни училишта“ по повод 70 годишнината од постоењето на клубот. Дечињата имаа прилика да се дружат, фотографираат и земаат автограми од нашите фудбалери. Оваа кампања продолжува и утре откако Вардаровите играчи ќе го посетат О.У. Лазо Ангеловски во населбата Ново Лисиче со почеток во 10 часот.