Како што јавуваат од женскиот ракометен клуб Вардар поранешната трикратна светска шампионка, и двоен победник на лигата на шампионите Ирина Дибирова (37) во иднина ќе биде нов тренер на Вардар.
Досегашниот тренер Давид Дејвис, на негово барање, се враќа во првиот машки тим и ќе продолжи да работи со Раул Гонзалес, а таа од денеска ја превзема екипата, заедно со Аце Станковски кој останува помошник . Веќе викендов е нејзиниот првиот предизвик, во сабота ја очекува меч од последното коло од главната фаза на женската лига на шампионите против Турингер. Нашата екипа е на второ место во групата и веќе има обезбедено пласман во четврт-финалето, што ќе биде наше четврто играње во Топ-8 фазата. Таа зад себе има богата играчка кариера Дибирова има настапувано во четири екипи, од кои што три во Русија и имаше интернационална кариера со настап во тимот на Слагелсе во Данска, во златното време кога Данките доминираа во Европа. Како играч има искуство со настап во речиси сите европски купови, и пет шампионски титули во три различни куп натпреварувања.
Ирина Дибирова
родена: 12 март 1979
Играчка кариера:
1997-2000 Источник (Ростов на Дон)
2001 – 2004 Лада Толјати
2004 – 2006 Слагелсе (Данска)
2006 – 2010 Звезда Звенигород
Клупски постигнувања
Првак на Русија (1998, 2002, 2003, 2004, 2007)
Првак на Данска (2005)
Победник на лига на шампиони (Слагелсе – 2005, Звезда – 2008)
Победник на Куп на ЕХФ (2006)
Победник на КПК (2002)
Репрезентативни резултати
Светски првак (2001, 2005, 2007)
Сребро на ЛОИ (2008)
Сребро на ЕП (2006)
Бронза на ЕП (2008)