Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > (ВИДЕО)-КОШАРКА! Вардар загуби во дербито на гости кај Охрид
(ВИДЕО)-КОШАРКА! Вардар загуби во дербито на гости кај Охрид

(ВИДЕО)-КОШАРКА! Вардар загуби во дербито на гости кај Охрид

Вчера во Охрид се одигра дерби дуелот од шестото коло во втората македонска кошаркарска лига помеѓу домачинот КК Охрид АВ кој влезе во мечот како лидер на табелата и нашиот КК Вардар кој беше второпласиран. Мечот заврши со резултат 83-75 , а на полувремето што е интересен факт црвено-црните заминаа со предност од шест коша односно 35-41.

Вардарци влегоа сигурно во овој дуел по крајот на првата четвртина водеа со резултат 18-22, а предноста од четири коша дополнително ја зголемиа избраниците на тренерот Христовски Бојан во втората четвртина и заминаа на одмор со плус шест 35-41. Во третата четвртина после разочарувачката игра под кошевите и многуте скокови на охриѓани домаќините прават пресврт во мечот и истиот го носат во последната четвртина со предност за нив од три поени 63-60. Црвено-црните имаат добар старт во последниот период  и успеваат со серија 0-4 на самиот почеток да поведат со 63-64 . Сепак домаќинот е решен да остане лидер така Охрид  повторно го превземе водството од поен негатива домаќините одат на седум позитива. До крајот од мечот се играше со обиди на двете страни да се постигне поволен резултат. но сепак оваа резултатска дистанца остана и за крајниот резултат , домаќинот остана лидер и забележа победа од 83-75. Целиот меч помеѓу нашиот Вардар и Охрид ќе може да го погледнете на следново видео :