Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Вардар-Ренова 2-0, стрелци: Дашјан и Петковски

(ВИДЕО) Вардар-Ренова 2-0, стрелци: Дашјан и Петковски

Видео од мечот  од 16.коло од првата македонска фудбалска лига помеѓу нашиот шампион Вардар и тимот на тетовска Ренова. На вчерашниот дуел на “Филип втори“ вардарци во текот на целиот меч беа доминантни со многу удaри кон голот на Ефремов. Сепак успеавме да дадеме само два погодока кои се покажаа како сосема доволни за нови три бода за црвено – црните. Стрелци на вчерaшниот дуел за нас беа : Дашјан   во 47минута од дуелот и младиот Петковски кој само што влезе во  79 минута стрелаше за конечни 2-0.

Вардар покрај победата дочека и уште една пријатна вест, конкурентот Шкендија изгуби два “планирани“ бода во домашниот меч со ФК Работнички, па на табелата се одлепивме на одлични за нас четири плус бодови. За црвено-црниот денеска настапија во ова првенствено коло следните играчи : Пачовски, Мијушковиќ, Грнчаров, Љамчевски, Блажевски (Велковски 61), Дашјан (Спировски 88), Глигоров, Стојков, Николов, Ивановски (Петковски 68), Брдаровски. Видеото од дуелот одигран вчера  ќе може да го погледнете - ТУКА