Денес свој роденден прославува најновото име во Кугларскиот тим „Вардар“. Од вчера нов член на црвено-црните е ни помалку ни повеќе легендарниот македонски куглар, Коста Манев.
Станува збор за куглар кој голем дел од својата кариера ја мина во Хрватска, земја каде овој спорт е на високо професионално ниво. Потекнува од кугларска фамилија, завидна кариера има и Тодор, неговиот брат и внукот Бранко кој сега игра во хрватски Запрешиќ.
Коста Манев е екс македонски репрезентативец, со дузина одлични партии на клупски и репрезентативен план. Играше во завршниците на клупски и репрезентативни кугларски настани од каде што има бројни одличја. Сеуште е квалитет па вардаровиот тим добива сериозно засилување и кандидат за нов репрезентативец. Играше во Поштар-Сплит претходно и во Шибеник. Има неколку децениска плодна кариера зад себе, самото доаѓање во Вардар ќе го подигне квалитетот на тимот и на македонското куглање воопшто.
Во неговото богато спортско портфолио е и настапот со тимот на КК Вардар ГТЦ, тој веќе еднаш ги носеше црвено-црните бои.