Нашиот, РК Вардар доби бодови на маса од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) од натпреварите кои не ги одигра во предвидениот термин. Станува збор за мечот против Флензбург и два против ПСЖ.
Момците на Алушовски дојдоа до победа над Флензбург за недоиграниот натпревар во Германија, а добија еден бод и од натпреварот против ПСЖ во Париз кој двапати се одложуваше. Од третиот меч против ПСЖ, Вардар не доби ништо, односно победата му беше доделена на францускиот тим.