Веројатно најдоброто прво полувреме за екипата од Гевгелија од почетокот на сезоната. Го одиграа гевгеличани особено ефикасно, но беа максимално добри и во одбраната.
На „вардарци“ им дозволија да реализираат само 28. поени, од кои девет беа во првата четвртина. Сосема доволно за Кожув да има повеќе од убедливи (45:28) по 20.минути игра, а двоецот Хукиќ и Кришнан реализираа скоро колку комплетниот состав на гостите – вкупно 26. поени (по 13 двајцата).
Второто полувреме се оддолжи повеќе од потребното време, од причина што во последната делница, се случи дефект на семафорот во салата „26.април“. А откако проблемот беше надминат, играта продолжи, но без некои особени промени.
Кожув стигна до вториот триумф во седум одиграни кола, предводен од Кришнан кој реализираше 21.поен, Хукиќ кој имапе 15, и пандеев, кој собра 12.поени и 5.скока.
Во гостинската екипа. Американецот Пауел реализираше 17.поени, Митков даде 14, а Атанасов имаше 11. реализации.