Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! МНА Кожувчанка противник на девојките во плеј-офот

Кошарка! МНА Кожувчанка противник на девојките во плеј-офот

Девојките на Бране Андриевски регуларната сезона во женската кошаркарска лига ја завршија на втората позиција зад акруелниот шампион екипата на Бадел. Вардарки во 14.кола од регуларниот дел забележаа дванаесет победи и два пораза.

Нашите девојки триумфираа во сите мечеви против сите екипи освен во двомечот со екипата на Бадер, тим кој го совладавме кога беше најпотребно во финалето од Купот на Република Македонија кое се играше во градот Кавадарци. Наш противник во разигувањето за титулата е третто пласираната екипа во лигата МНА Кожувчанка од Кавардарци. Вардарки ќе се обидат да дојдат први до две победи со што ќе закажат серија за во плеј-офот за титула. Најверојатен противник ќе биде екипата на шампионот Бадел 1862 која има релативно лесна задача да ја мина далеку послабата екипа на ЖКК Шкупи од скопски Чаир. Вардарки се ослабени во борбата за титула со заминувањето на двете американки кои заминаа за САД. Вардарки регуларната сезона и прва по реформирањето на овој тим го завршија успешно, тие на 14 меча освое 26 бодови, постигнаа 909 поени или во просек речиси 65 поени по одигран натпревар. Сепак најголемиот блесок беше “златото“ во Купот кој е прв трофеј во историјата за црвено-црниот женски кошаркарски колектив. Мечот со МНА Кожувчанка е закажан за во среда, 19-ти април и на истиот домаќин во малата сала “Кале“ во Скопје е нашиот состав.