Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Заврши одморот за вардарци , стартуваат подготовките за европската мисијата во “НБЦ-купот“
КУГЛАЊЕ! Заврши одморот за вардарци , стартуваат подготовките за европската мисијата во “НБЦ-купот“

КУГЛАЊЕ! Заврши одморот за вардарци , стартуваат подготовките за европската мисијата во “НБЦ-купот“

Денес завршува летниот одмор за црвено – црните куглари тие од утре почнуваат со подготовките за новата сезона 2015/2016  и предизвиците  кои следат во неа како  европски  така и домашни .

И ако беше првично планирано да се почне кон крајот на месецов со почетокот на новите подготовки сепак поканата за учество на европскиот предизвик за КК Вардар во Австрија- НБЦ купот подготовките почнуваат сега . Вардар може да се пофали дека по крајот на сезоната успеја да ги продолжи на уште 12 месеца договорите на сите играчи во својот состав кој минатата година го освија домашниот куп со кој и обезбедија пласман на овој европски турнир . На истиот нашиот тим ќе се соочи со жестока конкуренција каде од 24 учесници има дел од тимови кој зад своето име имаат запишано шампионски одличја на Европа . И ако ова е прво деби на европската сцена за црвено – црните сепак има акомулирано големо искуство кај нашите куглари кои претходно во кариерата имаат настапувано на европски мечеви во својте некогашни клубови каде биле членови . Се надеваме на една убава вардарова епизода во Австрија .