Продолжуваат возбудувањата од Македонската кугларска лига, овој викенд на програмата се мечевите од второто коло. Нашите момци како и во првото коло кога гостуваа во Битола според распоредот и во второто коло гостуваат овој пат кај тимот на КК 18 Август. Вардарци влегуваат како фаворити во овој меч во кој по квалитетот се очекува да остварат победа.
Мечот е закажан за 5 декември во сабота со почеток во 10-00 часот, истиот ќе се одигра во кугларницата “Мусандра„ каде тимот на 18 Август ги игра домашните мечеви во МКЛ. Во првото годинешно коло Ваρдаρ остваρи убедлива победа κај тимот на ΚΚ Хеρаκлеја-Битола со ρезултат 2-6 (9,5:14,5) 2915:3011, а домачините на овој меч беа поразени со високи 7-1 од екипата на КК ГТЦ. Во ланскиот шампионат црвено-црните беа поуспешни , и тоа на двата дуела едниот во кугларницата “Мусандра“, а другиот во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“ избраниците на Драги Димитρовсκи остварија две идентични и максимални победи со резултат 0-8 и 8-0.