Кугларскиот клуб Вардар веќе повеќе од една недела се подготвува за новата сезона. Закажан е и првиот тест-дуел и тоа ни помалку ни повеќе против европски гигант во овој спорт. Тимот на Мертојак од Хрватска ќе биде наш ривал на оваа контролна средба.
Мечот ќе се одигра на идниот месец, поточно на 6.септември во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Нашиот ривал имаше одлична сезона, тој стана шампионот во хравтскиот Куп, потоа ја освои титула шампион во Европскиот Куп каде совлада сериозни екипи од овој спорт. Во домашната лига беше вице-првак, оваа сезона имаат за цел да ги одбранат двете титули и да ја нападнат националната. Момците на Драги Димитровски ќе имаат одличен тест во оваа средба.
Ние го задржавме целиот ростер од изминатата сезона, на тоа донесовме и две сериозни засилувања. Станува збор за Зоран Ристиќ кој дојде од 18 Август 2016 и Милош Миливојевиќ кој премина кај нас од тимот на Медвешчак Загреб.