Вчера, македонската кадетска кошаркарска репрезентација дојде до триумф над Босна и Херцеговина со резултат 76-64 на Европското првенство во Удине, Италија.Огромна е важноста на победата бидејќи истата им носи разигрување од 9-12 место, а воедно и потврда за место во А-дивизијата на следното европско првенство, нешто што всушност беше примарна цел. Победата вчера дојде со одличната игра во треттата четвртина каде напраивме 16.поена позитива со што имавме мирен финиш.
Двајцата вардарци имаа свој удел, Павел Атанасов постигна 4 поена и имаше 6 скока. Марин Петков одигра 20.минути постигна 4.поена на кои придодаде и една асистенција и еден скок.