Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова утре им даде слободен ден очекуваме ждрепка, во сабота „постројува“ полн состав
Ристова утре им даде слободен ден очекуваме ждрепка, во сабота „постројува“ полн состав

Ристова утре им даде слободен ден очекуваме ждрепка, во сабота „постројува“ полн состав

ЖРК Вардар полека ја привршува првата базична етапа од подготовките, денес е последен ден како тимот ќе работи со 11 девојки. Ристова Драгана за утре им даде слободен ден на девојките кои ги започнаа подготовките на 7.август. Воедно утре во просториите на ракометната Федерациаја на Македонија ќе биде извршено ждребување за ривалите во Супер лигата, па ќе го дознаеме „возниот ред“ за вардарки.

Планот е ден потоа, сабота, 17.август целиот тим да биде комплетиран. На 11 девојки кои ги одработуваа подготовките во Скопје ќе им се приклучат исто толкав број на „италјанките“. Остатокот од тимот одмараше оваа работна седмица по напорните подготовки во Скопје и Маврово и одиграниот ЕХФ Шампионат во Италија. Со тоа конечно целиот ростер ќе биде на едно место.

Тренингот во сабота е предвиден да биде во 12-00 часот во малата сала при  Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.